Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен денеска ќе го прослави освојувањето ба втората последователна титула во Лигата на шампионите со навивачите на улиците на Париз, а во текот на вечерта на нивниот стадион „Паркот на принцовите“ и покрај немирите што настанаа синоќа по победата врз Арсенал во финалето.

Парискиот клуб ги повика вечерва навивачите, Парижаните и посетителите на Париз да учествуваат во прославата која ќе почне кај Ајфеловата кула.

Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата европски прваци, откако во финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта го победија Арсенал на пенали 4:3, а натпреварот по регуларните 90 минути и продолженијата заврши 1:1.

Синоќа во Париз за време на славењето полицијата беше принудена да интервенира, по што дојде и до судир меѓу полицијата и навивачите.

Слични новости

Спалети не губи надеж дека Јувентус ќе се пласира во осминафиналето на ЛШ и покрај петте гола што ги прими од Галатасарај

Јувентус синоќа по првото полувреме водеше против Галатасарај со 2:1 со головите на Копмејнерс, но на крајот загуби со 5:2, а од 67 минута остана и со играч помалку.

Винисиус и Мбапе тврдат дека Престијани од Бенфика го навредувал Винисиус на расна основа

Тврдењата на Винисиус ги потврди и Килијан Мбапе кој го нарече Престијани расист. „Играчот на Бенфика со број 25 чие име не сакам ни да го спомнам го стави дресот преку уста и дури пет пати му довикуваше на Винисиус дека е „мајмун“.