Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен денеска ќе го прослави освојувањето ба втората последователна титула во Лигата на шампионите со навивачите на улиците на Париз, а во текот на вечерта на нивниот стадион „Паркот на принцовите“ и покрај немирите што настанаа синоќа по победата врз Арсенал во финалето.
Парискиот клуб ги повика вечерва навивачите, Парижаните и посетителите на Париз да учествуваат во прославата која ќе почне кај Ајфеловата кула.
Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата европски прваци, откако во финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта го победија Арсенал на пенали 4:3, а натпреварот по регуларните 90 минути и продолженијата заврши 1:1.
Синоќа во Париз за време на славењето полицијата беше принудена да интервенира, по што дојде и до судир меѓу полицијата и навивачите.
Слични новости
Спектакл на „Паркот на принцовите“ ПСЖ-Баерн 5:4 во првиот полуфинален меч
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике изјави дека ПСЖ и Баерн Минхен одиграа нешто најдобро што може да пружи фудбалот и му честиташе на Баерн на брилијантната претстава, иако неговиот тим излезе како победник на натпреварот.
Вечерва на „Паркот на принцовите“ првото полуфинале од Лигата на шампионите
Вечерва од 21 часот на Паркот на принцовите во Париз се игра првиот полуфинален меч меѓу бранителот на титулата Париз Сен Жермен и Баерн од Минхен.
Денвер избори шести меч против Минесота со трипл дабл на Никола Јокиќ
Кошаркарите на Денвер нагетс утринава ги победија Минесота Тимбервулфс со 125:113 и намалија во серијата до 4 победи на 3:2. Кај Денвер најдобар поединец беше Никола Јокиќ со 27 коша, 16 асистенции и 12 скокови. Џамал Мареј постигна 24 коша, а Спенсер Џоунс 20.


