Цените на нафтата паднаа под 73 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи прогнозата на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) за вишок следната година ги засени стравувањата за снабдување од Русија.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше пониска за 1,05 долари во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 72,47 долари. Вчера ја затвори трговијата со добивка од 1,33 долари.
На американскиот пазар со барелот денеска се тргуваше по пониска цена од 1,11 долари, по 69,18 долари. Вчера го затвори тргувањето во плус од 1,70 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одделно извести дека цената на барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки во средата пораснала за 51 цент на 72,43 долари.
Во средата, најавите на Европската унија за нови санкции за руската нафта, кои би можеле да ја ограничат понудата, го привлекоа вниманието на пазарот. Во средата амбасадорите на ЕУ се договорија за 15-от пакет санкции против Русија поради војната во Украина, објави унгарското претседателство.
„Задоволна сум што беше усвоен 15-от пакет санкции, чија цел е првенствено руската ‘сива флота’“, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на X.
Русија го заобиколува ценовниот лимит на Г7 од 60 долари за барел со „сивата флота“, која им забранува на превозниците и на осигурителните компании да сервисираат поскапи руски барели. Но, забележливо е дека западните земји ги купуваат руските барели од трети земји и наводно преработени ги пласираат на пазарите по повисоки цени.
„Овој потег повторно истакна дека сериозно се сака да се ограничи снабдувањето со руска нафта, што би можело да ги поддржи цените и ја потисна во среддата во втор план ‘традиционалната метрика на побарувачката’“, вели Џон Килдафф од „Again Capital“.
Во четвртокот, вниманието повторно се сврте кон побарувачката.
Меѓународната агенција за енергија (IEA) благо ги зголеми проценките за растот на побарувачката за оваа и за следната година, но нагласи дека понудата ќе порасне уште посилно благодарение на групата независни производители предводени од САД. Во такви услови пазарот во 2025 година би требало да забележи вишок од речиси милион барели дневно, пресметале во IEA.
Трговците најмногу ги загрижува слабеењето на побарувачката во Кина поради забавувањето на економската активност и преминот кон почисти горива.
Во четвртокот, индициите за послаба побарувачка во САД, исто така, ги загрижија.
Залихите на бензин минатата седмици се зголемени за дури 5,1 милиони барели, а залихите на дестилати за 3,2 милиони барели, покажаа податоците на Министерството за енергетика.
Слични новости
Европските берзи благо пораснаа пред одлуките на Fed
На европските берзи во средата претпладнето се тргува претпазливо, а берзанските индекси благо пораснаа пред одлуките и пораките на американската централна банка, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот
Доларот стагнира, нафтата поскапе
На девизните пазари вредноста на американскиот долар во претпладневното тргување во средата стагнира во однос на кошничката валути
Нов пад на индексите на Волстрит
Индексор Nasdaq се лизна од рекордното ниво, додека Dow Jones падна деветти ден по ред, што не е забележано од 1978 година.