Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно на 538 милиони евра, поради растот на трошоците за гориво и послабата побарувачка на авионски карти поради дусирот на Блискиот исток.
Компанијата предупреди дека европските авио компании ги ќека „тешка зима“ ако продолжад та траат високите цени на горивата, пренесе Си-Ен-Си -Си.
Приходите беа под притисок затоа што просечните цени на катите паднаа за шест насто, додека вкупните опреативни трошоци пораснаа за 11 насто меѓугодишно, на 3,81 милијарди евра, пред се поради поскапувањето на авионското гориво.
Слични новости
Нафтата Брент ја надмина цената од 93 долари
Цената на нафата Брент денеска повторно порасна за 0,36 насто на 93, 47 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ за 0,51 насто на 86,4 долари за барел.
Државниот долг на САД надмина 40 билиони долари
Државниот долг на Соединетите Америански Држави надмина 40 билиони долари, покажуваат најновите податоци на американското министерство за финансии.
Цените на нафтата растат поради новите тензии на Блискиот исток
Цените на сировата нафта пораснаа поради дополнителните тензии на Блискиот исток кои ги зголемија страхувањата од дополнителни пореметувања во снабдувањето со енергентите.


