Во Нови Сад во организација на младинските организации СТАВ и Свиќе започна нов граѓански протест со барање одговорност за падот на настрешницата од железничката станица, кога на 1 ноември загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.
Со оглед на тоа што власта сѐ уште не одговорила на поставените барања, за одговорност на трагедијата и бранење од слобода на уапсените по протестите во Нови Сад, од Став и Свиќе соопштија дека „продолжува постепеното зголемување на притисокот и барикадите“ со што протестот започна во 12 часот и за време на неговото времетраење до 18 часот блокирана е раскрсницата кај Железничката станица.
Насобраните, околу 500 граѓани, ги прочитаа имињата на загинатите во несреќата и блокадата ја почнаа со едноминутно молчење. Беше развиен голем црн транспарент. На блокадата се бојадисуваше сликата на уплачен бел гулаб од уметникот Виктор Јан, на неколку пунктови граѓаните пишуваа писма до уапсените по претходните протести, а на една локација ги потопуваа рацете со црвена боја и оставаа „крвави отпечатоци“ како порака до надлежните дека рацете и се крвави и дека е одговорна за смртта на 14 лица.
Порталот на телевизијата Nova.rs информираше кусо дека се случилч инцидент на блокадата во Нови Сад, избувнале судири, кога некои од демонстрантите побарале да бидат тргнат знамињата на „Евромајдан Србија“ и ЕУ.
Активистите ги повторија барањата за оставка на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, како и кривична одговорност за лицата кои директно учествувале во реконструкцијата на зградата на Железничката станица, како и објавување на сите договори кои биле прогласени за државна тајна. Обвинија дека обвинителството е соучесник во прикривањето на делото, бидејќи досега никој не е осомничен за трагедијата, ниту пак обвинителството покрена истрага.
„Очајни сме, затоа што се наоѓаме на гробница, а не ни дозволуваат да ги оплакуваме луѓето што загинаа овде. На децата што загинаа овде, затоа што не ни дозволуваат да зборуваме за тоа. Секој што ќе почне да зборува за тоа е заплашен и уапсен. Па дури и да бидеме уапсени сите, одговорните за тоа не трпат никакви последици. Ќе дозволиме ли да не убедат дека тоа е новата реалност? Затоа сме денес овде“, порача актерката Јелена Ступљанин.
Според последното соопштение на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на 13 ноември, досега се сослушани 66 лица, а тој ден беше најавено дека ќе бидат сослушани уште пет лица. Но, правните експерти посочија дека не се работи за сослушување потенцијални осомничени, туку за рутински разговори со граѓани кои можеби имаат информации за причините за трагедијата.
Оттаму додаваат дека сѐ уште се работи за претистражна, а не за истражна постапка, што го потврдија и од обвинителството. Претходно обвинителството осум дена не се огласи за истрагата ниту одговараше на прашања на медиумите.
Слични новости
Герапетритис: Грција, Кипар и Австрија предлагаат одредување специјален претставник на ЕУ за Сирија
Шефот на грчката дипломатија, одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата во Сирија објасни дека Грција има јасна позиција дека „во моментов она што е важно е да се обезбеди транзиција кон демократска нормалност
Борисов: Се изгуби многу време за Северна Македонија
Досега преговорите се одвиваат добро. A колку е потивко, толку подобро. Нека поминат сите теми па после ќе разговараме. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на маргините на Собранието на третиот ден од почетокот на преговорите меѓу ГЕРБ и ДБ за влада
Во Атина уапсени службеници во пристаништето поради вмешаност во трговија со кокаин
Двајца раководители на терминалите за контејнери се уапсени бидејќи биле вмешани во ланец на трговија со кокаин, соопшти грчката гранична полиција....