Со транспаренти „Народот страда додека системот ужива“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Гласот на народот е посилен од молкот на власта“, „Денес не молчиме, денес бараме правда“, голем број граѓани мирен протест на плоштадот во Кочани, во знак на револт поради невидената катастрофа во која згаснаа 59 животи.

Тие бараат одговорност и правда за жртвите и повредените во пожарот, како и системски промени.

 

Граѓани кои денеска се собраа во Кочани, барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица, пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот.

Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“….

Средношколци од Штип денеска излегоа на протест барајќи одговорност за трагичната несреќа што се случи во Кочани. Средношколците побараа да бидат казнети сите оние што се одговорни за оваа трагедија во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

„Ова не може да остане неказнето, сите мора да ја добијат својата казна. Одговорните да бидат казнети“, изјави Тамара Вуканова.

Средношколците поминаа и пред општинската зграда, а за утре најавуваат нов протест, во пожарот загинаа и сооченици на штипските средношколци.

Во пожарот во дискотека во Кочани, според последните официјални информации, загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

globe

Слични новости

Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош

Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош

Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по потпишувањето во Книгата на жалост поради загинувањето на 59 лица во Кочани

Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови

Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени