Илјадници Сиријци демонстрираа во Дамаск и во мнозинската христијанска Сукајлабија во централниот дел од земјата, откако во тој град беше запалена божикната елка. Демонстрантите ги повикаа новите исламистички власти да ги заштитат малцинствата. Претходно беше објавена видео снимка на која се гледаат двајца машкирани мажи како ја палата божикната елка на главниот плоштад на Сукајлабија.
Хајат Тахрир ел Шам, главната исламистичка фракција која учествуваше во соборувањето на режимот на Башар ал Асад, соопшти дека се приведени „двајца странски борци“ поради инцидентот. Новите власти ветија дека ќе ги штитат правата на малцинствата, на што апелираа и странските влади.
САД. ОН и Европската Унија ја означија ХТС како терористичка организација поради почетоците на оваа група во рамките на Ал Каеда, од која се одвои во 2016, но има знаци дека Западот би можел да го промени ставот кон ХТС. Во Сирија живее голем број на етнички и верски групи, вклучувајќи Курди, Ерменци, Асирци, Христијани, Друзи, Алавити и арасоки Сунити кои го сочинуваат мнозинското население.
Новиот лидер на Сирија Ахмед ел Шара постихна договор со бунтовничките фракции за нивно распуштање и приклучување кон новото министерство за одбрана. Премиерот Мохамед ел Башир рече дека министерството за одбрана ќе биде реконструирано и дека ќе го сочинуваат сите бунтовнички фракции и офицерите кои пребегнаа од војската на Башар ал Асад. Главната задача на новиот сириски лидер ќе биде да се обиде да избегне судири меѓу разните бунтовнички фракции.
Слични новости
Во Витлеем прославен Божик во сенка на војната во Газа
Витлеем, родното место на Исус Христос, го одбележа вториот Божиќ во сенка на војната во Газа и други конфликти на Блискиот Исток.
Празничната атмосфера беше значително спласната, без типичните божиќни светла и големи елки, а намален е и бројот на туристи кои годинава ја посетија Светата Земја.
Руски товарен брод потона во Средоземното Море по експлозија
Рускиот товарен брод „Урса мајор“ потона во Средоземното Море меѓу Шпанија и Алжир по експлозија во моторниот простор, а двајца членови на екипажот се водат за исчезнати
Израел првпат потврди дека стои зад атентатот на Ханије
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, првпат потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на палестински Хамас, Исмаил Ханије во Техеран ова лето