Масовните граѓански протести во Бугарија, што почнаа како реакција на контроверзниот предлог-буџет за 2026 година, за кратко време прераснаа во барање за итна оставка на Владата на премиерот Росен Жељазков и за предвремени парламентарни избори.
Синоќа, како и во минатите денови илјадници граѓани излегоа на улиците во Софија и во десетици градови низ земјата – Велико Трново, Пазарџик, Сливен, Разград, Видин, Варна, Пловдив, Бургас, Стара Загора, Добрич, Шумен, Русе, Ловеч и Благоевград.
Протестите се организирани спонтано преку социјалните мрежи и во повеќето случаи немаат формален организатор или партиска поддршка.
Премиерот Жељазков, иако го призна повлекувањето на буџетот, изјави дека нема да се повлече од функцијата. „Немаме право да се повлечеме без буџет неколку недели пред влезот на Бугарија во еврозоната. Ќе абдицираме последни, но тоа не значи дека сме инаетчии – начинот на кој го покажуваме тоа е со признавање на грешката и повлекување на буџетот“, појасни бугарскиот премиер.
Во меѓувреме бугарскиот претседател Румен Радев во обраќањето до нацијата повика владата да си поднесе оставка и порача дека единствениот пат за излез од кризата се предвремени избори.
Слични новости
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата


