Протестите во Франција продолжуваат и оваа недела, и покрај најавите на владата за нови мерки во образованието.

По средбата со владините претставници, студентските лидери соопштија дека предложените решенија не ги исполнуваат нивните барања и најавија дека демонстрациите ќе продолжат.

Меѓу предлозите се ограничување на бројот на ученици во одделенијата, кредити за реконструкција на училиштата и промени во системот за упис на универзитетите.

Протестите, кои започнаа поради незадоволството на студентите, прераснаа во поширок предизвик за властите, во услови на политички поделби и ограничени буџетски можности.

 

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.