Договорот меѓу претседателите на Америка и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин за испорака на руско дизел гориво за американските пазари се соочува со големи пречки. Два од трите танкери кои го превезуваа рускиот дизел го сменија курсот и се откажаа од првично најавеното патување кон САД, објави Фајненшал тајмс.

Првиот танкер „Талисман“ кој требаше да плови до атлантскиот брег на САД го промени курсот, мина низ Гибралтар и вплови во Средоземното море и сега се наоѓа близу Алжир.

Вториот танкер „Леруо“ ја смени првичната дестинација и сега плови кон Бразил.

Двата танкери се наоѓаат под санкции на ЕУ што дополнително го отежнува нивното работење, вклучувајќи осигурување, финансиски трансакции и пристап до пристаништа.

Промените на курсот на пловење на руските танкери покажува дека привременото ублажување на американските санкции кон Русија не беше доволно за да се отстранат сите пречки во трговијата со руските нафтени деривати.

Купувачите и операторите на терминали и натаму мораат да водат сметка за прописите, санкциите врз бродовите и можните правни последици за деловна соработка со руски компании.

Во Америка има и политички отпор кон договорот Трамп-Путин, затоа што несамо Демократи, туку и некои Републиканци ја оспоруваат одлуката на администрацијата на Трамп привремено да дозволи увоиз на рускиот дизел и сметаат дека таквата трговија би можела да и обезбеди дополнителни приходи на Москва за да ја продолжи војната во Украина.

Слични новости

Оперативната добивка на Самсунг зголемена за девет пати благодарение на чиповите за вештачка интелигенција

Оперативната добивка на Самсунг зголемена за девет пати благодарение на чиповите за вештачка интелигенција

Јужнокорејската компанија „Самсунг електроникс“ денеска објави дека во третиот квартал оствари оперативна добивка од 71,3 милијарди евра. Тоа е девет пати повеќе отколку во истиот период минатата година, пред се благодарение на големата побарувачка за полупроводници

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени поради огромните трошоци за вештачка интелигенција

Акциите на Гугл паднаа за 10 отсто, инвеститорите загрижени поради огромните трошоци за вештачка интелигенција

Акциите на матичната компанија на Гугл, „Алфабет“, паднаа за речиси 10 отсто откако финансиските резултати предизвикаа загриженост поради огромните трошоци за развој на вештачката интелигенција,