Медиумите пишуваат дека Дејвид Бекам се откажа од идејата да го доведе Нејмар да игра во Интер Мајами заедно со Лео Меси. Со тоа Нејмар сигурно останува во неговиот клуб Сантос во Бразил до крајот на летото.

Некогашниот најдобар играч на Бразил повторно се мачи со повреда и лекарите му советуваат да не игра, но тој и покрај лекраските препораки продолжува да игра во борба да го спаси Сантос од испаѓање од лигата.

Негова голема желба е повторно враќање во репрезентацијата и учество на Светското првенство во фудбал 2026, но засега селекторот на Бразил Карло Анчелоти не размислува да го врати во репрезентацијата.

Нејмар во февруари ќе наполни 34 години, а сезонава одигра 26 натпревари на кои постигна осум голови.

 

Слични новости

Фламенго победник во Копа Либертадорес

Фламенго победник во Копа Либертадорес

Фламенго ја освои својата четврта титула во Копа Либертадорес, победувајќи го Палмеирас со 1:0 во бразилското финале во саботата вечерта на стадионот „Естадио Монументал“ во Лима, пред околу 50.000 гледачи