Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде што беше пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка.
Поради сомнежи дека станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, јавниот обвинител нареди обдукција, идентификација и прибирање траги од местото.
За едно осомничено лице е определена мерка краткотраен притвор од 48 часа за обезбедување докази, додека за уште едно лице се вршат дополнителни проверки. Јавниот обвинител продолжува со преземање на сите неопходни дејствија за целосно испитување на настанот и утврдување на околностите поврзани со смртта на жртвата.
Слични новости
Гордана Сиљановска Давкова: Државниот обвинител треба да е бескомпромисен борец за почитување на законите и владеењето на правото
Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија и ќе претставува круна на целиот обвинителски систем е профилот на личност, кој денеска го изнесе претседателката Гордана Сиљановска Давкова
Филипче најави дека СДСМ ќе поднесе резолуција во Собранието за мигрантите – ако не биде прифатена, ќе има протести
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави нов институционален чекор за одбрана на земјата од, како што вели, веќе договорениот прием на мигранти во Македонија
Kривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје вчера поднесе кривична пријава против О.С. (49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“


