Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на промоцијата на водичот за обезбедување на бесплатна правна помош во постапките за азил во нашата држава.
„Горд сум што после подолг период обезбедуваме важна алатка во обезбедувањето пристап до правна помош со што ќе им се помогне на барателите за азил да добијат бесплатна правна помош.
Водичот е резултат на соработката помеѓу Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Високиот комесар за бегалци во Северна Македонија (УНХЦР), Македонското здружение на млади правници и Адвокатската комора на Република Северна Македонија.
Сметам дека е исклучително важно што за прв пат кај нас во водич се опфатени правата и процедурите во објаснети чекори за обезбедување на бесплатна правна помош за барателите на азил без ограничена слобода на движење во редовна постапка, во итна постапка и за барателите на азил со ограничена слобода на движење”,рече во своето обраќање министерот за правда, Игор Филков
Во следниот период, Министерството за правда ќе работи на поедноставување на процедурите за добивањето на бесплатна правна помош, на продлабочување на соработката со невладините организации кои работат во оваа област и обезбедување на систем за онлајн апликации, кој ќе биде достапен за сите.
Ефективниот пристап до правда е основа на правниот систем за секого, а за Министерство за правда е од клучна важност за зајакнување на правото и правичноста во нашето општество.
Слични новости
Средба Гаши – Ларше: Апел за позасилен француски ангажман, со цел што поскоро отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ
Делегацијата предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на својата работна посета на Париз, денеска оствари средба и со претседателот на Сенатот на Француската Република, Жерар Ларше.
Дисциплински мерки за двајца полициски службеници од ГП „Долно Блаце“ во врска со излезот на Груби од земјава
Министерството за внаррешни работи соопшти во средата дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на државната граница на Артан Груби
Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на Македонија
Загадениот воздух годишно убива околу 2.800 жители на државава, изјави денеска на почетокот на конференцијата во Скопје за квалитетот на воздухот, директорот на Светска банка за Косово и Македонија, Масимилијано Паолучи