Прометот во малопродажбата во еврозоната подзапрел во април, додека забрзал на ниво на целата Европска унија, според првите проценки на европската статистичка служба.
Сезонски прилагодената малопродажба во еврозоната се зголемила за само 0,1 отсто во април во споредба со претходниот месец, кога според ревидираните податоци се зголемила за 0,4 отсто, пресметале во Eurostat.
Во ЕУ, растот на прометот во малопродажбата се забрзал на 0,7 отсто, по ревидираниот раст од 0,3 отсто во март.
Првата проценка за март покажа маргинален пад во двете области, за 0,1 отсто, според извештајот.
Највисок раст во април е забележан на бензинските пумпи, за 1,3 отсто во еврозоната и за 1,7 отсто во ЕУ.

Потоа следувал малопродажбата на храна, пијалоци и тутунски производи, со раст на прометот од 0,5 отсто во еврозоната и 0,9 отсто во ЕУ.
Пад на прометот е забележан во малопродажбата на широката категорија непрехранбени производи, за 0,3 отсто во еврозоната и за 0,1 отсто во ЕУ.
Меѓу земјите за кои Eurostat добил податоци, најголем раст на прометот во април на месечна основа забележала Полска, за 7,5 отсто. Следуваат Словачка и Шведска, каде што се зголемик за 2,4 отсто. Белгија, исто така, е блиску со раст од 2,1 отсто.
Најголем пад во април имаше малопродажбата во Германија, за 1,1 отсто. По неа следува Малта со падот на продажбата од еден процент. Статистичарите немаа податоци за Чешка и Грција.
На годишно ниво, прилагодената календарски малопродажба во еврозоната се зголеми за 2,3 отсто во април и за 2,8 отсто во ЕУ, открива Eurostat.
Во март, тие се зголемија за 1,9 отсто во еврозоната и за 1,7 отсто во ЕУ, според ревидираните податоци.
Најголем годишен раст на продажбата е забележан кај продажбата на гориво, за 2,9 отсто во еврозоната и за 3,9 отсто во целата ЕУ.
Следи сегментот на продажба на широки категории непрехранбени производи, со раст на продажбата од 2,3 отсто во еврозоната и за 2,9 отсто во ЕУ.
Прометот во малопродажбата на храна, пијалоци и тутунски производи, исто така, се зголемил – за 2,2 отсто во областа на примена на заедничката европска валута и за 2,3 отсто на ниво на ЕУ.
Најсилниот годишен раст на прометот е забележан на Кипар во април, од 7,7 отсто, според податоците на Eurostat. Естонија и Шведска следат со раст на прометот од 6,2 и 5,7 отсто, соодветно.
Според податоците на Eurostat, најголемиот годишен пад на прометот е забележан во Луксембург во април, од 3,6 отсто. Словачка, исто така, забележа пад, иако само за 0,1 отсто во споредба со април минатата година, се наведува во извештајот.
Слични новости
Доларот падна на најниско ниво во последните три години
Доларот падна на најниско ниво во последните три години, затоа што променливата трговска политика на Соединетите Американски Држави внесува нестабилност на пазарите.
Премиерот Мицкоски очекува висок раст на БДП во вториот квартал
Не велам дека имаме раст, но ако имаме предвид дека бевме длабок минус ние сме дојдени во состојба нула и сега треба да креваме“, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
Во април годинава во однос на март годинава, вкупниот промет во индустријата, бележи пад од 7,9 проценти, додека во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани има зголемување од 3,6 проценти.