Индија произведе значително помалку чај во 2024 година поради топлотните бранови и поплавите во регионот Асам, објави државната комисија.

Индија лани произвела 1.284,78 милиони килограми чај, што е за 7,8 отсто помалку отколку во претходната 2023 година.

Производството во Асам се намали за 5,6 отсто на 649,84 милиони килограми поради топлотните бранови и поплавите на врвот на сезоната на жетва, соопшти одборот.

Индија е втор најголем производител на чај во светот. Црниот чај преработен со методот CTC главно се извезува во Египет и Обединетото Кралство, а тој со традиционалната обработка во Ирак, Иран и Русија.

Во методот CTC, листовите се дробат, се сечкаат и се валкаат во топчиња. Во традиционалната обработка, листовите се сечкаат на ленти.

Намалената понуда резултираше со значително повисоки цени на чајот, кои минатата година во просек изнесуваа 198,76 рупии (2,19 евра), што е речиси 18 отсто поскапо од 2023 година.

globe

Слични новости

Волстрит падна втор ден по ред

Цените на акциите паднаа на Волстрит во вторник втор ден по ред бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери ќе ѝ наштети на економијата

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Трамп ги удвои царините за канадските метали

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот ги удвои планираните тарифи за сите производи од челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада на 50 отсто, како одговор на потегот на провинцијата Онтарио