Претставници на производителите на коњак предложија минимални цени за испораките во Кина во првичната понуда во разговорите со Пекинг, што треба да ги отфрли обвинувањата за дампинг, покажува документ.
Кинеското Министерство за трговија заклучи на крајот од минатата година дека домашните производители доставиле „релевантни докази“ дека продажните цени на жестоките пијалаци од ЕУ се пониски од трошоците за производство.
Европските дестилерии продаваа жестоки пијалоци со попуст од 30,6 до 39 отсто, соопшти министерството во октомври а прелиминарната истрага заклучи дека дампинг цените би можеле да предизвикаат „значителна штета“ на кинеските производители.

Затоа Пекинг им наложи депозит на увозниците на европски жестоки пијалоци во висина од 34,8 до 39 отсто од вредноста на увозот, кој оттогаш е заменет со банкарска гаранција. Здружението на француските производители на жестоки пијалаци го опиша потегот на кинеските власти како „позитивна почетна реакција“.
Претставниците на производителите на коњак сега предложија минимални цени кои се движат од 20 до приближно 300 долари за литар, според документот во кој увид имала агенцијата Reuters.
Предлогот им бил испратен на производителите пред неколку седмици д адвокатската компанија GIDE со седиште во Париз, која преговара во нивно име. Портпаролот на GIDE одбил да коментира за документот.
Серијата политички состаноци во Париз и технички дискусии во Пекинг минатата седмица ги зголемија надежите дека трговскиот спор наскоро би можел да се реши. Но, не е постигнат договор, а Пекинг треба да ја заврши својата истрага за дампинг на 5 јули.
Кинеските власти оттогаш изјавија дека самите производители на алкохолни пијалоци ветиле дека ќе ги променат цените, додавајќи дека го проучуваат предлогот.
Списокот на цените во кој увид имал Reuters ја наведува „минималната увозна цена“ за различни видови коњак, во зависност од „староста“, почнувајќи од најниската за најевтините коњаци „Very Special“ (VS), „стари“ две години, до најскапиот „Extra Extra Old“ (XXO), „стар“ најмалку 14 години.
Според првичната понуда, минималната увозна цена на коњакот VS би била 144,70 јуани (20,16 долари) по литар. „Very Superior Old Pale“ (VSOP), кој одлежал најмалку четири години, би требало да чини минимум 177,92 јуани.
Премиум коњакот „Extra Old“ (XO), пак, би чинел 526,52 јуани, а коњакот од категоријата XXO, чии цени достигнуваат илјадници долари по шише и повеќе, минимум 2.126,07 јуани (296,16 долари).
Француското здружение BNIC одбило да ги коментира цените, велејќи дека разговорите се доверливи. „Сè уште чекаме и се надеваме на добар исход“, рекол портпаролот на BNIC.
Цените во документот би ги платиле увозниците во Кина, додека дистрибутерите, трговците на големо, трговците на мало и потрошувачите би плаќале повеќе.
Reuters наведува дека не биле во можност да ги утврди моменталните цени на увоз на коњак од производители предводени од „Hennessy“ на LVMH, „Martell“ на „Pernod Ricard“ и „Remy Martin“ на „Remy Cointreau“.
Коњакот „VA“ на „Hennessy“ моментално се продава за околу 100 долари за литар на Tmall. Најевтиниот бренд коњак XO произведен од „Remy Martin“, се продава за околу 110 до 350 долари.
Документот во кој увид имал Reuters е првична понуда и разговорите се во тек.
Слични новости
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
Во април годинава во однос на март годинава, вкупниот промет во индустријата, бележи пад од 7,9 проценти, додека во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани има зголемување од 3,6 проценти.
Трамп ја дозволи продажбата на Ју Ес стил за 14,9 милијарди долари на јапонскиот Нипон стил
Нипон стил потврди дека презема 100 роценти од сопствеништвото врз американската компанија, а оваа спогодба вклучува и 11 милијарди долари нови вложувања до 2028, како и обврски во поглед на управувањето, производството и трговијата.
Расте јазот меѓу богатите и сиромашните во Европа
Според податоците од Европската централна банка (ЕЦБ), најбогатите 10% од населението во Еврозоната поседувале 57,3% од вкупното нето богатство на домаќинствата во последниот квартал од 2024 година