Филмот „ Проектот Хеил Мери “на Фил Лорд и Кристофер Милер со рајан Гослинг во главната улога целосно ги надмина сите очекувања и заработи 80,6 милиони долари во САД во премиерниот викенд.

На странските пазари филмот исто така забележа голем успех со заработка од 60,4 милиони долари, за вкупна заработка од 141 милион долари на филмот во првите неколку дена од прикажувањето.

Во студиото Амазон МГМ кој е продуцент на филмот се презадоволни, бидејќи станува збор за најдобро отворање на филм на кино благајните оваа година.

Досега најголема заработка во 2026 има анимираниот филм „Хоперс“ кој по три недели прикажување заработи 242 милиони долари на глобалниот Бокс Офис.

 

 

Слични новости

Пол Макартни најави нов албум

Пол Макартни најави нов албум

Легенадрниот басист на Битлси Пол макартни подготвува нов албум со наслов „The Boys of Dungeon Lane“. Албумот е создаден во соработка со продуцентот Ендру Вот и ќе биде објавен на 29 мај