Метеорскиот успон на филммејкерското дуо Фил Лорд и Крис Милер се чини дека ќе продолжи со очекуван успех на епскиот филм во вселената „Хеил Мери“ со Рајан Гослинг во главната улога.

Научно-фантастичната авантура започна со 12 милиони долари на Бокс Офисот во четвртокот, а очекувањата се дека филмот ќе заработи близу 60 милиони долари во премиерниот викенд, иако студиото Амазон МГМ е попретпазливо со оптимизмот и соопшти дека научната фантастика како жанр потешко се продава на публиката.

Засега филмот има одлични оценки и од професионалните критичари и од публиката.

Филмот во кој освен Гослинг играат и Сандра Хулер и Џејмс Ортиз викендов има премиера в 82 земји, меѓу кои и Јапонија и Кина.

 

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.