Британскиот актер Гери Олдман изјави дека продуцентите веќе имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд и дека тој се надева оти тоа ќе биде Џек Лауден, неговиот партнер во шпионската серија „Бавни коњи“, пренесе Индипендент.

Олдман кој шест сезони игра во „Бавни коњи“ со Џек Лауден му даде поддршка на помладиот актер, кој се издвојува како фаворит за преземање на култната улога на тајниот агент 007.

Следниот филм со Џејмс Бонд ќе го режира канадскиот режисер Денис Вилнев познат по филмовите „Сикарио“ и трилогијата „Дина“.

Последниот снимен филм со Џејмс Бонд беше „Не е време за умирање“ во 2021 каде што Даниел Крег за петти и последен пат ја толкуваше улогата на Бонд.

Слични новости

„Спајдермен: Бренд њу деј“ ги урна сите рекорди и стана најуспешен филм во првата недела од прикажувањето во историјата на Бокс офисот

„Спајдермен: Бренд њу деј“ ги урна сите рекорди и стана најуспешен филм во првата недела од прикажувањето во историјата на Бокс офисот

Филмот има огромна гледаност и на пазарите надвор од САД каде што заработи 706 милиони долари и веќе ја надмина заработката од 1,2 милијарди долари, со што за само седум дена стана најуспешен филм на Бокс офисот во 2026.