Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази од одбраната.

На минатото рочиште сведочеше вештото лице и технички советник од областа на градежништвото Петре Русевски, предложен од првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката, кој изјави дека закупецот на просторот не презел градежни активности што би можеле да се квалификуваат како реконструкција на објектот, туку извршил градежно-занаетчиски зафати и ентериерно уредување за потребите на дејноста.

На оваа изјава реагираа родителите на загинатите нарекувајќи го првообвинетиот дека е убиец, по што судот побара дел од родителите да ја напуштат судницата. Претходно заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство.

Изведени беа 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица. 

Одбраната, како што е најавено, има предложено 244 сведоци.

 

Слични новости

„Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата – се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати“, велат од СДСМ

„Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата – се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати“, велат од СДСМ

СДСМ тврди дека Македонија е на прво место во Европа според бројот на заболени во однос на бројот на жители, посочувајќи ги како споредба Италија, Грција и Романија.