Денеска продолжува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела поврзани со семејно насилство и трагичната смрт на неговата сопруга Ивана Стојаноска и нивната 6-годишна ќерка. Случајот се однесува на настанот од 2 март, кога мајката и детето скокнаа од стан во скопската населба Тафталиџе.
На рочиштето сведочеше Мартин Саздов, кој бил присутен во последните моменти пред трагедијата. Тој опиша сцени на закани, навреди и физичко насилство, тврдејќи дека обвинетиот континуирано ја малтретирал сопругата и ѝ се заканувал дека ќе ѝ го одземе детето и домот.
Сведочењето кулминираше со опис на последните минути, кога Ивана со ќерката излегла на терасата, по што следел силен тресок. Судењето продолжува со нови сведоци, меѓу кои и лица од училиштето на девојчето, каде претходно биле забележани индиции за семејното насилство.
Слични новости
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во посета на Македонија
Генералниот секретар на НАТО ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.
Месец Март ќе донесе рана пролет во Македонија
Мартската прогноза за Македонија најавува порано чувство на пролет, со температури над просекот, повеќе сончеви периоди и претежно постабилно време
СДСМ продолжува да ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за местенка со Артан Груби
Од СДСМ обвинуваат дека случајот со враќањето на Артан Груби е дел од „однапред смислено сценарио и политички дил“ на ВМРО-ДПМНЕ.


