Денеска продолжува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела поврзани со семејно насилство и трагичната смрт на неговата сопруга Ивана Стојаноска и нивната 6-годишна ќерка. Случајот се однесува на настанот од 2 март, кога мајката и детето скокнаа од стан во скопската населба Тафталиџе.
На рочиштето сведочеше Мартин Саздов, кој бил присутен во последните моменти пред трагедијата. Тој опиша сцени на закани, навреди и физичко насилство, тврдејќи дека обвинетиот континуирано ја малтретирал сопругата и ѝ се заканувал дека ќе ѝ го одземе детето и домот.
Сведочењето кулминираше со опис на последните минути, кога Ивана со ќерката излегла на терасата, по што следел силен тресок. Судењето продолжува со нови сведоци, меѓу кои и лица од училиштето на девојчето, каде претходно биле забележани индиции за семејното насилство.
Слични новости
СДСМ со помалку од 5 проценти доверба во најновата анкета на МКД.мк и Маркетвижн
Според резултатите на оваа анкета ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 24 насто, втора е коалицијата Вреди со 5,1 насто, трет е СДСМ со 4,9 насто, ДУИ има рејтинг од 4,8 насто, Левица 3,1, а ЗНАМ 2,1 проценти.
Третина од населението во Македонија страда од обезност
Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е значајно подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик
Викендов почнува летното сметање на времето
Летното сметање на времето во 2026 година почнува на 29 март во 02:00 часот, кога часовниците ќе се поместат еден час нанапред, односно – 03:00 часот.


