Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Денешното рочиште продолжува со изведување докази и сослушување сведоци. Во четвртокот сведоци кои биле во дискотеката кобната ноќ на 16 март, кога во пожар настрадаа 63 лица, а над 200 беа повредени, сведочеа пред судот за моментите на избувнување на пожарот и паниката што настанала во преполнетиот објект.

Судењето за пожарот во дискотеката Пулс се одвива под засилени безбедносни мерки. Процесот се води против повеќе од 30 физички и три правни лица, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Целта на постапката е да се утврдат причините за пожарот, одговорноста на сторителите, како и да се обезбеди правда за жртвите и повредените.

 

Слични новости

Од утре до крајот на неделата дожд

Од утре до крајот на неделата дожд

Од вторник до крајот на неделата следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд. Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање.