Судењето за пожарот во дискотеката Пулс продолжува денеска. Во судницата во Идризово се очекува Обвинителството да го повика и вештото лице од Судска медицина.
На претходното рочиште Обвинителството ја презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот, во кој загинаа 63, а повредени беа над 200 лица.
Во судницата во „Идризово“ обвинителката Наташа Сарамандова ги презентираше вештачењата за 157 лица со тешки телесни повреди, како и 65 оштетени, кои добиле телесни повреди. Од сите повредни во пожарот, 20-ина се деца.
Во најголем број случаи смртта настанала насилно од задушување и труење со јаглерод моноксид или интоксикација со јаглерод моноксид. Во неколку случаи причина за смртта бил притисок врз градниот кош и термичко оштетување на горните дишни патишта.
Слични новости
Алијанса: Изоставувањето на Македонија од Одборот за мир е неуспех во надворешната политика
Оваа партија вели дека ова невклучување не може да биде случајност туку го одразува, како што истакнуваат, недостатокот на политичка тежина на актуелната Влада.
АХВ со над 125 илјади контроли и казни од 618 илјади евра во 2025
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата година спроведе над 125 илјади инспекциски контроли во областа на безбедноста на храната, храната за животни и благосостојбата на животните.
Магла со видливост од 30 до 150 метри на повеќе патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка


