Судењето за пожарот во дискотеката Пулс продолжува денеска. Во судницата во Идризово се очекува Обвинителството да го повика и вештото лице од Судска медицина.
На претходното рочиште Обвинителството ја презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот, во кој загинаа 63, а повредени беа над 200 лица.
Во судницата во „Идризово“ обвинителката Наташа Сарамандова ги презентираше вештачењата за 157 лица со тешки телесни повреди, како и 65 оштетени, кои добиле телесни повреди. Од сите повредни во пожарот, 20-ина се деца.
Во најголем број случаи смртта настанала насилно од задушување и труење со јаглерод моноксид или интоксикација со јаглерод моноксид. Во неколку случаи причина за смртта бил притисок врз градниот кош и термичко оштетување на горните дишни патишта.
Слични новости
СДСМ: Владата да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците
Не може да има пари за криминални тендери, а да нема за работниците. Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра, се вели во соопштението од СДСМ.
Советот на Европа го затвори пост дијалогот со Македонија
Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше...
Во вторник состанок на министрите на Западен Балкан со ЕК – камионџиите од Србија и БиХ и денеска со блокади
Македонија и Црнагора ги прекинаа блокадите на граничните премини, додека превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден.