Судењето за пожарот во дискотеката Пулс продолжува денеска. Во судницата во Идризово се очекува Обвинителството да го повика и вештото лице од Судска медицина.
На претходното рочиште Обвинителството ја презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот, во кој загинаа 63, а повредени беа над 200 лица.
Во судницата во „Идризово“ обвинителката Наташа Сарамандова ги презентираше вештачењата за 157 лица со тешки телесни повреди, како и 65 оштетени, кои добиле телесни повреди. Од сите повредни во пожарот, 20-ина се деца.
Во најголем број случаи смртта настанала насилно од задушување и труење со јаглерод моноксид или интоксикација со јаглерод моноксид. Во неколку случаи причина за смртта бил притисок врз градниот кош и термичко оштетување на горните дишни патишта.
Слични новости
Мицкоски -Руте: Потврдена македонската определба за јакнење на соработката со НАТО
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте порача дека НАТО ќе ја брани секоја педа од својата територија и нема да дозволи појавување на безбедносен вакуум во регионот.
МНР разгледува опции за извлекување на македонските државјани од Дубаи по копнен пат
Над 400 македонски граѓани изразиле желба да бидат евакуирани. МНР соопшти дека е во постојан контакт со „пријателски земји и партнери“ за координирано извлекување.
Обвинителството нареди обдукција на телата по несреќата во Карпош
Основното јавно обвинителство Скопје нареди обдукција на телата на мајката и малолетната ќерка кои починаа по пад од висококатница во скопската населба Карпош.


