Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На последното рочиште сведочеше Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов, која пред Судот изјави дека во објектот имало противпожарни апарати, панични светла и означени излези, како и дека пиротехника се користела и на претходни настани во дискотеката.

За денешното рочиште одбраната на првообвинетиот најави сослушување на неколку сведоци, меѓу кои вработена во „Пулс“, пиротехничар ангажиран од дискотеката, соработник на музичката група ДНК, угостител од Гевгелија, вработен во противпожарната служба, како и лица кои учествувале во внатрешното уредување и во раното работење на објектот.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по пожарот што се случи на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

 

Слични новости

Силјановска Давкова: Државата е пред историски испит

Силјановска Давкова: Државата е пред историски испит

Според Сиљановска-Давкова, чествувањето на делото на револуционерите има смисла само доколку се негуваат вредностите за кои тие се бореле, а нивните идеали се преточуваат во праведност, солидарност и посветеност на општото добро.

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август 2026 година изнесувала 48.733 денари, што е зголемување за 7,6 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.