Земјотрес со јачина од 5 степени беше регистриран кусо по 3 часот по локално време во близина на Санторини, а серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта.
Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, освен најсилниот земјотрес беа регистрирани и пет со јачина од над 4 степени.

Од почетокот на месецов земјотресите се секојдневие на Санторини, а доста често во помали временски периоди има по неколку силни земјотреси, а досега беа регистрирани вкупно четири од 5 или над 5 степени.
Најсилниот беше во понеделникот со јачина од 5,3 степени, минатата среда имаше земјотрес од 5,2 степени, а во неделата вечерта и рано утрово јачината беа регистрирани по еден земјотрес од 5 степени.
Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 9 февруари, биле регистрирани над 14.000 земјотреси.
Само во неделата на 9 февруари биле регистрирани над 1.100 земјотреси, од кои 240 над 2,5 степени и 14 над 4 степени.
Слични новости
ЕУФОР: Распоредуваме воено засилување во БиХ
Военото засилување на ЕУФОР во Босна и Херцеговина почна да пристигнува, потврди во вторникот командата на силите на Европската унија во Сараево
Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него
Романија: Централното изборно тело му забрани на крајниот десничар Џорџеску да се кандидира
Централното изборно тело на Романија во неделата му забрани на екстремно десничарскиот проруски кандидат Калин Георгеску да се кандидира на повторените претседателски избори во Романија во мај