Цените на гасот и нафтата и натаму растат откако војната на Блискиот исток влезе во четвртиот ден, а американскиот претседател Доналд Трамп најави дека „огромната воена офанзива“ која ја нарече „Операција Епски бес“ ќе продолжи се додека не се реализираат целите на САД.
Фјучерсите на европските цени на гасот скокнаа и за 33 насто на највисоко ниво од јануари 2023, откако Катар целосно го прекина производството на течен природен гас ЛНГ, по иранските напади со дронови врз клучните постројки за прозводство на гас.
Освен тоа, Иран го блокираше транспортот на енергентите преку клучниот Ормуски мореуз, што го отежнува снабдувањето. Цената на нафтата Брент достигна 80,7 долари за барел. Доларот поскапе во однос на еврото за 0,45 насто.
Слични новости
Бритиш Петролеум го запре откупот на акциите поради лоши резултати
Британскиот нафтен гигант Бритиш Петролеум денеска соопшти дека го прекинува кварталниот откуп на акциите, откако приходите на компанијата за 2025 паднаа под очекувањата.
Благ пад на цената на нафтата и златото на берзите
Цената на сировата нафта благо падна на 64,3 долари по барел, а цената на нафтата „Брент“ падна на 68,98 долари по барел.
Берзите во Европа и натаму во пораст
Европските берзански индекси и денеска главно се во пораст, откако добрите резултати во работењето на холандскиот Филипс и францускиот Керинг позитивно влијае врз трговијата


