Цените на гасот и нафтата и натаму растат откако војната на Блискиот исток влезе во четвртиот ден, а американскиот претседател Доналд Трамп најави дека „огромната воена офанзива“ која ја нарече „Операција Епски бес“ ќе продолжи се додека не се реализираат целите на САД.
Фјучерсите на европските цени на гасот скокнаа и за 33 насто на највисоко ниво од јануари 2023, откако Катар целосно го прекина производството на течен природен гас ЛНГ, по иранските напади со дронови врз клучните постројки за прозводство на гас.
Освен тоа, Иран го блокираше транспортот на енергентите преку клучниот Ормуски мореуз, што го отежнува снабдувањето. Цената на нафтата Брент достигна 80,7 долари за барел. Доларот поскапе во однос на еврото за 0,45 насто.
Слични новости
Цените на гасот во Британија пораснаа за 93 насто
Големопродажната цена на гасот во Велика Британија порасна за 93 насто од почетокот на војната на Блискиот исток. Скај њуз пренесува дека само денеска цената на гасот порасна за 32 насто
Голем пад на европските компании на берзите
Акциите на европските компании забележаа голем пад на берзите откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот. Паневропскиот СТОКС падна за 1,7 насто, при што главните берзи забележаа негативни резултати.
Ако продолжи војната на Блискиот исток цената на нафтата може да надмине 100 долари по барел
Аналитичарите предупредуваат дека повеќе немири, хаотичен вакуум во власта, напади што би го прекинале производството или продолжено затворање на клучниот Ормутски теснец би можеле да ја зголемат цената на нафтата на 100 долари за барел или повеќе.


