Блокадата со камиони на товарниот сообраќај  на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.

Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон шенген зоната, кој, според најавите ќе трае најмалку седум дена, патничкиот сообраќај, функционира непречено.

Камионските превозници од државава и нивните колеги од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, сметат дека ЕЕС системот ги дискриминира во однос на тие од ЕУ и бараат да им биде доделен посебен статус и да ги третира како туристи при влез во блокот.

Европската комисија порача дека внимателно ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со партнерите од Западниот Балкан.

Портпаролот на комисијата Маркус Ламберт рече дека Брисел е свесен дека за бројни работници од трети земји, кои не се меѓугранични работници, можеби има потреба да останат во Шенген повеќе од 90 дена во 180 денови. 

Ова ги вклучува професиите за кои е потребна висока мобилност, како што се камионџиите, спортисти и артистите. Ова исто така има врска со националните правила и постоечките билатерални договори. Ова е проблем кој го има целото наше внимание, рече портпаролот на ЕК.

Слични новости

Албанските партии со остри критики до Уставниот суд поради одлуката пораките на СМС од Безбеден град да не се испраќаат на албански јазик

Албанските партии со остри критики до Уставниот суд поради одлуката пораките на СМС од Безбеден град да не се испраќаат на албански јазик

Ставот според кој СМС-пораките во рамки на системот „Safe City“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот.