Во српската престолнина Белград и во неделата на повеќе локации беа поставени блокади во знак на протест поради жртвите од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, пренесува Бета.

Зелениот левичарски фронт (ЗЛФ) соопшти дека 15 минути го блокирал белградскиот Северен булевар во спомен на жртвите од Нови Сад.

Од ЗЛФ на Facebook, покрај истакнувањето фотографии од блокадата, соопштија дека „нема да се откажат од одговорноста и правдата!“. „Ако нема правда за народот, нека нема мир за власта“, беше еден од паролите на протесетите.

Во Белград, исто така, денеска студентите 15 минути блокирале дел од булеварот „Крал Александар“, како и улицата кај Земјоделскиот факултет, оддавајќи им почит на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Нова.рс јави дека е идентификуван и уапсен маж кој со автомобил влетал во толпа студенти во близина на Земјоделскиот факултет

globe

Слични новости

Активистите на екстремната десница го демолираа седиштето на ЕУ во Софија

Активистите на екстремната десница го демолираа седиштето на ЕУ во Софија

Насобраните се обидоа насилно да влезат во зградата во која се наоѓа претставништвото на ЕУ во Софија. Потоа беше фрлен молотов коктел и беше запалена влезната врата, прозорците на првиот спрат беа скршени, а зградата беше испрскана со црвена боја