На Артан Груби му е продолжен домашниот притвор  24 часовен полициски надзор по предлог на Обвинителството. Груби е во притвор за злоупотребите во Државна Лотарија.

Поранешниот вицепремиер и министер по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23-ти февруари, но наместо затворски притвор поради безбедносни закани, обвинителството бараше, а судот додели домашен притвор.

Груби е осомничен заедно со уште еден бегалец, екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами за злоупотреби со набавка на ВЛТ апарати при што МВР процени дека државата била оштетена за повеќе од 8 милиони евра.

Груби досега не дал исказ пред обвинител, а одбраната речиси заврши со разгледување на документацијата во предметот.

 

Слични новости

ВМРО ДПМНЕ : СДСМ и  Венко Филипче да престанат да се фокусират на изборни процеси во други држави

ВМРО ДПМНЕ : СДСМ и  Венко Филипче да престанат да се фокусират на изборни процеси во други држави

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ упати повик до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да престане да се фокусира на изборни процеси во други држави и да започне со внатрешно прочистување на партијата