Денеска во Абу Даби почна вториот ден од трилатералните преговори меѓу претставниците на Украина, Русија и САД за окончување на војната во Украина, а по трилатералните разговори предвиден е и одвоен состанок со европските земји.

Првиот ден од преговорите беше одржан во вторникот зад затворени врата и траеше четири часа. Разговорите во Абу Даби се продолжување на трилатералните преговори по пауза од девете месеци.

За време на разговорите украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од интервју во кое тврди дека САД и вршат притисок на Украина да го отстапи Донбас на Русија, во замена за нејасни безбедносни гаранции.

 

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.