Денеска во Абу Даби почна вториот ден од трилатералните преговори меѓу претставниците на Украина, Русија и САД за окончување на војната во Украина, а по трилатералните разговори предвиден е и одвоен состанок со европските земји.
Првиот ден од преговорите беше одржан во вторникот зад затворени врата и траеше четири часа. Разговорите во Абу Даби се продолжување на трилатералните преговори по пауза од девете месеци.
За време на разговорите украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од интервју во кое тврди дека САД и вршат притисок на Украина да го отстапи Донбас на Русија, во замена за нејасни безбедносни гаранции.
Слични новости
Трамп побара оставка од амбасадорката во Грција – побарала од бизнисмен да и уплати 100.000 долари
Американскиот претседател Доналд Трамп побара оставка од американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по медиумските извештаи во кои се изнесени обвинувања дека нудела пристап до функционери во администрацијата во замена за пари, подароци и услуги.
По успешната операција на белите дробови Папата Лео XIV е во добра здравствена состојба
По одредената дијагноза рак на белите дробови, Папата Лео XIV е успешно опериран на десното белодробно крило, соопшти Ватикан. Операцијата траела 90 минути и била извршена во болницата Џемели во Рим.
Саудиска Арабија ја одби воената помош на Израел против Хутите и покрај зачестените напади врз нејзина територија
Бенјамин Нетанјаху настојувал со помош на САД, да добие согласност од Саудиска Арабија за директно воено ангажирање на Израел во Јемен, но официјален Ријад ја одби понудата бидејќи смета дека воената соработка со Израел би можела да предизвика силно незадоволство на саудиската јавност.


