Јапонскиот производител на автомобили Тојота мотор забележа пад на продажбата на возила ширум светот втор месец по ред, пред се поради намалената побарувачка на Блискиот исток.

Вкупната продажба во март е пониска за 7,3 насто во однос на истиот период претходната година, пренесе Ројтерс. Продажбата во странство е падната за 7,2 насто, а на домашниот пазар за 7,8 насто.

Најголемиот пад Тојота го забележа на Блискиот исток каде што продаѓбата е падната за 30 насто, додека во САД падот на продажбата изнесува 8,5 насто.

Слични новости

Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка

Компанијата Леви Штраус ги објави приходите и профитот во четвртиот квартал кои ги надминаа очекувањата на Волстрит. По објавената добивка на Левис, акциите на компанијата пораснаа за два насто.