Продажбата на нови автомобили во Европската унија е намалена за околу два отсто во ноември, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) во четвртокот.

Регистрациите на нови автомобили се намалени на годишно ниво за 1,9 отсто, на 869.816 возила. Во октомври тие се зголемени за 1,1 отсто.

Меѓу четирите најголеми пазари, најмногу падна Франција – за 12,7 отсто, а на второ место е Италија, каде што продажбата е намалена за 10,8 отсто. Истовремено, продажбата во Шпанија е зголемена за 6,4 отсто, а во Германија е поголема за 0,5 отсто.

Во ноември, обемот на продажба на електрични автомобили на батерии падна за 9,5 отсто во однос на истиот месец минатата година, при што пазарниот удел се намали од 16,3 отсто во октомври на 15 отсто. Ваквиот пад првенствено се припишува на значителното намалување на регистрациите во Германија и Франција.

Побарувачката за plug-in хибриди е намалена и во ноември, за 8,8 отсто. Но, од друга страна, новите регистрации на хибридно-електрични возила се зголемени за 18,5 отсто и нивниот пазарен удел е 33,2 отсто, наспроти 27,5 отсто во ноември минатата година.

Продажбата на автомобили на бензин е намалена за 7,8 отсто, поради падот на сите четири главни пазари. Пад за 15,3 отсто бележи и пазарот на автомобили на дизел, што се должи на падот на повеќето пазари.

Во текот на првите 11 месеци од оваа година, продажбата на нови автомобили се зголеми за 0,4 отсто и достигна 9,7 милиони единици. Од поголемите пазари, за ова најмногу придонесе Шпанија, со раст на продажбата од 5,1 отсто.

globe

Слични новости

Кинескиот извоз скромни пораснал на почетокот на 2025.

Кинескиот извоз скромни пораснал на почетокот на 2025.

Кинескиот извоз се зголемил само малку во јануари и февруари, додека увозот остро паднал, покажаа во петокот објавените царински податоци, како одраз на влијанието на зголемените трговски тензии со САД и Европската унија

Европските берзи на пат за седмични загуби

Европските берзи на пат за седмични загуби

Берзанските индекси паднаа на европските берзи во петокот, како и претходниот ден на Волстрит, бидејќи неизвесноста ги зафати пазарите поради нејасната трговска политика на Вашингтон