Продажбата на нови автомобили во Европската унија е намалена за околу два отсто во ноември, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) во четвртокот.

Регистрациите на нови автомобили се намалени на годишно ниво за 1,9 отсто, на 869.816 возила. Во октомври тие се зголемени за 1,1 отсто.

Меѓу четирите најголеми пазари, најмногу падна Франција – за 12,7 отсто, а на второ место е Италија, каде што продажбата е намалена за 10,8 отсто. Истовремено, продажбата во Шпанија е зголемена за 6,4 отсто, а во Германија е поголема за 0,5 отсто.

Во ноември, обемот на продажба на електрични автомобили на батерии падна за 9,5 отсто во однос на истиот месец минатата година, при што пазарниот удел се намали од 16,3 отсто во октомври на 15 отсто. Ваквиот пад првенствено се припишува на значителното намалување на регистрациите во Германија и Франција.

Побарувачката за plug-in хибриди е намалена и во ноември, за 8,8 отсто. Но, од друга страна, новите регистрации на хибридно-електрични возила се зголемени за 18,5 отсто и нивниот пазарен удел е 33,2 отсто, наспроти 27,5 отсто во ноември минатата година.

Продажбата на автомобили на бензин е намалена за 7,8 отсто, поради падот на сите четири главни пазари. Пад за 15,3 отсто бележи и пазарот на автомобили на дизел, што се должи на падот на повеќето пазари.

Во текот на првите 11 месеци од оваа година, продажбата на нови автомобили се зголеми за 0,4 отсто и достигна 9,7 милиони единици. Од поголемите пазари, за ова најмногу придонесе Шпанија, со раст на продажбата од 5,1 отсто.

globe

Слични новости

Повеќе од 150 000 работни места отворени во САД, иако расте невработеноста

Повеќе од 150 000 работни места отворени во САД, иако расте невработеноста

Во Америка во февруари се отворени 150 000 работни места, но и покрај тоа, невработеноста порасна на 4,1 насто поради заканите на претседателот Трамп со трговски војни и најавите дека од САД ќе бидат вратени милиони имигранти.