Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.

Растот се должи пред се поради зголемениот извоз, покажуваат податоците на Кинеското здружение на производители на автомобили.

Според податоците, возилата на нова енергија сочинуваа преку 60 проценти од вкупната продажба на нови автомобили во КИна и за прв пат ја надминаа бројката од 60 насто.

На кинескиот пазар продажбата е падната за 2,8 насто, но извозот порасна за дури 145,5 насто.

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно