Кинеската компанија Поп март денеска објави дека продажбата на нејзината најпозната кукла Лабубу во 2025 надмина 100 милиони парчиња ширум светот, со што го зацврсти статусот на глобален културен феномен.

Според податоците што ги објави оснивачот на компанијата Ванг Нинг побарувачката за овие карактеристични кукли достигна неверојатни размери, па во просек во секоја секунда се продаваат по три кукли.

Вкупната продажба на сите брендови во Поп март групацијата надмина 400 милиони единици, што ја потврдува доминацијата на кинескиот креативен сектор.

Аналитичарите истакнуваат дека овие резултати означуваат клучна промена во кинеската економија затоа што фокусот се поместува од традиционалната етикета „прозведено во Кина“ на модерната „креирано во Кина“.

Слични новости

Орбан разговарал со Рубио за условите под кои унгарски МОЛ би го купил српскиот НИС

Орбан разговарал со Рубио за условите под кои унгарски МОЛ би го купил српскиот НИС

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио за условите под кои унгарската нафтена компанија МОЛ би можела да ја купи српската рафинерија НИС