Владата на денешната седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, донесе одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука, информираат од владината прес-служба.
„Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај до Владата и до Министерство за финансии“, се наведува во соопштението на Владата.
АД ЕСМ минатата сенедела преку писмо побара од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со струја поради секојдневните блокади на грчките земјоделци, што ја отежнува доставата на енергенти потребни за производство на електрична енергија и побара од Владата да се користат државните резерви.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, вчера информира дека државата има резерви на мазут, кои ќе го снабдат ЕСМ.
„ЕСМ поднесе писмо до Владата, тоа ќе се разгледува утре на владина седница. Утре ќе дискутираме и ќе знаете што ќе се договориме на Влада. Државата има резерви на мазут, со кои ќе може да го снабди ЕСМ. Ако има протести во Грција и повеќе од 30 дена има неможност да се набави мазут, тоа значи дека државните резерви ќе го снабдат ЕСМ“,
Слични новости
СДСМ обвинува за партизација на обвинителството: „Исто како во времето на Груевски“
СДСМ обвини дека власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски се обидува да воспостави целосна контрола врз обвинителството и судството, со што, како што наведуваат, се загрозува независноста на правосудниот систем
Муцунски: Бадентер не е механизам што се користи при формирање на Владата
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денес реагираше на изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека владата треба да се формира со Бадентер
Муцунски: Не треба да има никаква дилема за евроинтеграцијата дека е наш интерес, но мора да има предвидливост и гаранции
За нашата европска интеграција, прво не треба да има никаква дилема дека наш интерес е да се најде решение за овој спор кој очигледно постои со Бугарија. Ме охрабарува што се повеќе земји членки, а и европските институции развиваат свест и до некој степен и разбирање за нашите позиции, рече на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговорајќи на новинарско прашање.


