Можна поплава на канализација предизвикана од „големо затнување“ во канализацискиот систем ги принуди организаторите на концертот на Брајан Адамс во Австралија да го откажат настанот.
Канадскиот кантавтор во неделата вечерта беше жртва на истекување на отпадни води во градот Перт, во сојузната држава Западна Австралија, „поради ризикот од прелевање на отпадните води во тоалетите на местото на концертот“, соопшти локалното водоводно претпријатие.

„Нашите тимови работат на отстранување на големо затнување од маснотии“, се вели во соопштението на компанијата пред концертот, но потоа објави дека затнувањето „не може лесно да се санира“ и дека организаторот донел „исклучително тешка одлука да го откаже концертот на Брајан Адамс“.
„Се разгледуваа алтернативни мерки, вклучително и употреба на цистерни, но количеството на отпадна вода што би ја произведувала публика од 16.000 луѓе во салата се смета за преголема“, се вели во соопштението.
Промоторот на концертот Frontier Touring наведе дека откажувањето на концертот е „разочарувачки“, но надвор од контрола на Адамс и дека парите за влезниците автоматски ќе бидат вратени.
Слични новости
Бебињата паметат повеќе отколку што мислите
Првите години од животот се период на интензивно учење, но луѓето обично не се сеќаваат на ова, феномен познат како инфантилна амнезија
Ротердам нуди бесплатно членство во библиотеката на сите жители
Сите жители на Ротердам ќе можат бесплатно да се зачленат во библиотека од 1. мај, по што ќе можат да позајмуваат шест книги годишно од една од 23 библиотеки
Хит серијата „Адолесценција“ за мизогинија ги поттикнува британските родители да размислуваат
„Адолесценција“, хит-серијата на Netflix за 13-годишно британско момче уапсено под сомнение за ужасно злосторство, ја зголеми вознемиреноста на родителите за токсичното и мизогинистичко влијание на кое младите се изложени на интернет