Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља објави дека во средата утрото биле затворени „паралелните српски институции“, пошти и даночни канцеларии во десет различни општини во централнниот дел на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, поради што главниот преговарач на Србија, Петар Петковиќ, ги прекина и ги напушти денешните разговори во Брисел.
Полициски дејствија се преземени во општините Липјан, Обилиќ, Приштина, Косово Поље, Вучитрн, Ново Брдо, Каменица, Витина, Ораховац и Скендерај, а Свечља оцени дека со ова „завршува ерата на српските паралелни и криминални општини и институции во Републија Косово”, објави Радио Слободна Европа (RFE).
Властите во Приштина тврдат дека работата на овие српски институции, кои функционираат по конфликти кои завршија во 1999 година, е „нелегална“ откако албанското мнозинство со поддршка на водечките западни земји во 2008 година еднострано прогласи независна Република Косово која сѐ уште нема позиција во Обединетите нации, и почнаа да ги затвораат на почетокот на минатата година – прво во четири општини на северот со мнозинско српско население, а потоа во централниот дел на Косово.
Порталот на српски јазик Kosovo online пишува дека дека косовската полиција вршела рации во поштенските и општинските згради без судски налог и дека полициските инспектори не им кажале на вработените по чија усна наредба ја спроведуваат акцијата.
Главниот преговарач на Белград за нормализација на односите со Приштина под покровителство на Еворпската унија и директор на српската владина канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, реагирајќи на акцијата на косовската полиција, го прекина и го напушти денешниот состанок во Брисел, каде под покровителство на ЕУ заедничката комисија на двете страни требаше да разговара за решавање на проблемот со исчезнатите лица.
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ оцени дека денешните дејствија на полицјата на Приштина, координирани од владата на Албин Курти, се „опасна ескалација“.
„Овие агресивни потези не се само напад врз институциите, туку очигледен обид за поткопување на колективните права и идентитетот на Србите на Косово“, објави Ѓуриќ на платформата Х, оценувајќи дека Курти „ги користи овие провокации како дел од својата изборна кампања. , игнорирајќи ги човековите права и не почитувајќи ги договорите кои треба да ги штитат мирот и соживотот“.
„Оваа стратегија само ги продлабочува поделбите и ја загрозува стабилноста во регионот“, напиша Ѓуриќ и ја повика меѓународната заедница да реагира наместо да молчи.
„Молчењето е соучесништво“, исткна Ѓуриќ.
Дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина се во ќорсокак со месеци и малку е веројатно дека нешто ќе се придвижи пред инаугурацијата на новата американска администрација на 20 јануари и парламентарните избори во Косово закажани за 9 февруари.
Слични новости
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Трстеник изјави дека нема да има преодна или привремена влада. Тој додаде дека може да има избори или референдум, но додека тој е жив нема да има сервилна влада предводена од белосветски крадци
Низа училишта во Грција добиле лажни заканувачки мејлови, испратени од Русија, за поставени бомби
Заканувачки мејлови за поставени експлозивни направа, кои се покажале како лажни, утрово биле испратени во низа грчки училишта, а истрагата покажала дека се испратени од седум ИП адреси од Русија, информираа од Министерството за образование, религија и спорт на Грција
Бојкот на супермаркетите низ целиот балкански регион
Според примерот на успешната граѓанска акција во Хрватска, за денеска е најавен бојкот и во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а во Словенија веќе е во тек бојкот на некои супермаркети.