Мерка притвор во траење од 30 дена е определена за осум лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи (УЈП) заради постоење на основи од опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност да го довршат или повторат делото, информираа oд Кривичниот суд.
Акцијата опфати претреси на 16 локации во државата, пришто биле пронајдени и привремено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени.
„Акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање по известување на АНБ, при што беа обезбедени докази за основано сомнение за кривични дела од финансиска природа.
Врз основа на ова, ОЈО ГОКК отвори предмет и донесе наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица, кои го оштетиле буџетот на државата за 297.733.844 денари или 4,8 милиони евра“, информираше Јавното обвинителство.
Според истрагата, првоосомничен е српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од УЈП – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале група со цел вршење кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службената положба.
Во периодот 2023 – 2025 година во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.
Слични новости
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.


