На 3 октомври, истекува законскиот рок по кој сопственикот на дискотеката „Пулс“ Дејан Јованов и другите обвинети за пожарот во кој загинаа 63 млади луѓе не можат да останат во ефективен притвор.
Неговата адвокатка Ивана Коцевска на денешното рочиште најави поднесување на гаранција дека Јованов ќе биде присутен на рочиштата.
Судијката Дијана Груевска на ова одговори дека законот ќе се почитува во целост и оти правата на обвинетиот и досега не биле загрозени.
„Точно е дека на 3.10 притворот мора да прекине, како ќе одлучи кривичниот совет понатаму ќе видиме“, рече судијката Груевска.
Според законот, обвинет може да биде задржан во притвор максимум една година од оценката на обвинението.
За „Пулс“ тоа е 3 октомври, кога му истекува ефективниот притвор на Дејан Јованов.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
