Во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ денеска во киното „Мис Стон“, во склоп на Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи втората панел-дискусија со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“.
На панелот ќе учествуваат министерката за образование и наука Весна Јаневска, проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, декан на Педагошкиот факултет во Битола, како и наставници и стручни лица од основните и средните училишта во Прилеп. Своите искуства ќе ги споделат и родители, со цел да се добие поширока слика за улогата на наставниците во образовниот процес.
Првата панел-дискусија се одржа во Скопје на 5 Октомври на Светскиот ден на учителите.
Преку ваквите настани, Министерството ја продолжува својата мисија за афирмација на наставничката професија и истакнување на нивната клучна улога во развојот на учениците. Кампањата, ако што истакнуваат од МОН, има цел да ја прикаже „магијата“ што секојдневно се случува во училниците преку доверба, разбирање и поддршка меѓу наставниците и учениците.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


