Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги  uslugi.gov.mk се привремено недостапни.

 Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу бргу. Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното воспоставување на достапноста на услугите.

Министерството за дигитална трансформација им се заблагодарува на граѓаните за трпението и разбирањето – се наведува во соопштението.

 

Слични новости

ВМРО ДПМНЕ : СДСМ и  Венко Филипче да престанат да се фокусират на изборни процеси во други држави

ВМРО ДПМНЕ : СДСМ и  Венко Филипче да престанат да се фокусират на изборни процеси во други држави

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ упати повик до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да престане да се фокусира на изборни процеси во други држави и да започне со внатрешно прочистување на партијата