Приведен е поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини во акција на Министерството за внатрешни работи, спроведена во координација со Јавното обвинителство.
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје го лишија од слобода М.С. поради сомнение за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба, потврдија за Телма од МВР.
Според првичните информации, тој се сомничи за проневера на околу 700.000 евра, средства доделени од УЕФА на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид. Сомнежите за злоупотреби биле констатирани по доаѓањето на новото раководство на федерацијата, по што случајот бил пријавен до надлежните институции.
Слични новости
МВР соопшти дека презема мерки по обидот за опожарување објект на Еврејската заедница
Во СВР Скопје, денеска е пријавено дека во двор од верски објект биле забележани канистар за гориво и траги од горење, информираа од Министерството за внатрешни работи откако Еврејската заедница во Македонија синоќа извести за обид за опожарување на објект на Заедницата и на синагогата во Скопје.
Без задржувања на Богородица: Околу 10.000 патници за викенд во Грција
Околу 10.000 патници ја минале македонско-грчката граница кај Гевгелија во последните 24 часа и се упатиле на продолжен викенд во Грција. Според македонските гранични служби отворени биле сите шалтери за влез во Грција и задржувањето не е подолго од пет минути.
Поскапеа речиси сите прехранбени продукти пред Велигден
Непосредно пред Велигден поскапеа јајцата, но нова повисока цена доби и зејтинот. Јагнешкото месо достигнува цена и до 700 денари за килограм.


