Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Пеце Мирчески вечерва е приведен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Финансиската полиција отвори истрага за сторени кривични дела примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата извршени за време додека бил директор – потврдија за МИА од Финансиската полиција.

Заедно со Мирчески уапсен е и сопственикот на рент-а-кар сервисот ВИП, кој е опфатен со истата истрага.

 

„Првопријавениот П.М, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, во периодот од 09.06.2021 година заклучно со 13.06.2024 година, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со правен субјект од Скопје, во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор,  остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П. и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело примање поткуп по член 357 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија, а второпријавениот го сторил кривичното дело давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија“,  се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Дополнително, првопријавениот П.М, свесно и со умисла во вкупно пет службени исправи – изјави за непостоење судир на интереси во постапките за претходно наведените јавни набавки, внесувал лажни и невистинити податоци и истите со свој потпис овозможил да бидат употребени како вистинити и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело фалсификување службена исправа по член 361 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

„Првопријавениот П.М, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи, во период од 01.01.2022 заклучно со 13.06.2024 година, во повеќе наврати, прикажувајќи невистинити податоци дека се работи за службени патувања за службени потреби и цели, потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство и со тоа овозможил лично за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист во вид на хотелски сместувања, авио билети за реализирани патувања, изнајмување на рент а кар возила за приватни потреби и цели како и исплатени дневници за службени патувања во вкупен износ од 1.792.859 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и го сторил кривичното дело проневера во службата по член 354 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија“, информираат од Финансиската полиција.

Првопријавениот П.М, исто така, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи и во својство на одговорен менаџер- accountable manager на Авио Службата при Службата за општи и заеднички работи, иако знаел и бил свесен, а од 27.10.2023 година и запознаен со фактот дека едно лице вработено како пилот, не ги исполнувало условите за капетан-водач на воздухоплов, со несовесното вршење на своите овластувања и должности, овозможил на истото лице во периодот од 27.10.2023 заклучно со 14.06.2024 година од Службата за општи и заеднички работи да му биде исплаќан месечен надоместок по основ на плата во својство на капетан- водач на воздухоплов, на кој начин првопријавениот овозможил лицето да се стекне со имотна корист во вкупен износ од 3.444.615 денари, а на штета на Буџетот на Република  Македонија и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело несовесно работење во службата по член 353-в став 2 од Кривичниот Законик на Република Македонија – информираат од Управата за финансиска полиција.
globe

Слични новости

Муртезани – Кос: Подготвеност за продолжување на конструктивниот дијалог и ангажман со сите партнери за осигурување на успешен пат кон членството во ЕУ

Муртезани – Кос: Подготвеност за продолжување на конструктивниот дијалог и ангажман со сите партнери за осигурување на успешен пат кон членството во ЕУ

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на која во фокусот на разговорот биле реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан.

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница појасни дека компаниите сега ќе можат во рок од пет години, доколку сметаат дека им биле повредени правата, да бараат да им бидат вратени парите