МВР соопшти дека се приведени вкупно четири лица за убиството кое е извршено во Виница. Приведени се И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) од Грција и С.З.(57) од битолското село Жабени. Министерството за внатрешни работи соопшти дека соодветни пријави ќе бидат поднесени против сите инволвирани.

МВР соопшти дека биле извршени претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата престојувале. При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата.

Вчера беше пронајден убиен 56 годишен жител на Виница во близина на градските гробишта.

Слични новости

Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници

Вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.